Кафе ли муабет или договор? Никола Тодоров и босот на ДУИ Муса Џафери вчера седнале на кафе!

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Во ресторанот Балканика рустикана во скопскиот парк викендов неделно заедничко кафе шмркаа  министерот за здравство во техничката влада и пратеник на ВМРО ДПМНЕ , Никола Тодоров и екс вицепремиерот и висок функционер во ДУИ, или како го нарекуваат босот на ДУИ , Муса Џафери.

pjimage

Кафето го пијат сами, а на соседната маса е сопругата на Тодоров. Обезбедувањето на Џафери не дозволил на очевидецот кој ни јави за средбата да ги фотографира, пишува Либертас.

Тодоров за да покаже блискост со Џафери го гушкал пред гостите во ресторанот.Нема детали, дали е обична и случајна или режирана средба, за да директно се разменат пораки.

 Инаку, Муса Џафери важи за предводник во таканареченото вмровско крило во ДУИ кое силно лобираше кај сопартијците, партијата на Ахмети да ја продолжи коалицијата и во нова влада со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.
Преку него одат сите бизниси, и тендери за релација Груевски-Ахмети.
Никола Тодоров е човек од доверба на Никола Груевски и спроведувач на сте негови замисли , беспоговорно.

И покрај лојалноста кон ВМРО ДПМНЕ и бизнисите, Џафери и Ахмети  сепак беа надгласани и ДУИ му ги даде 10-те потписи на нејзините пратеници за коалиција со СДСМ за влада на која премиер би бил Зоран Заев.

Сега тоа парламентарно мнозинство многу му пречи на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Претпоставките  се  дека ненапѓање на ДУИ и пратениците од оваа партија во парламентарната дебата, напади само врз СДСМ, се прави обид да се испеглаат работите со Ахмети, преку Џафери, и можност да се врати коалцијата ВМРО ДПМНЕ-ДУИ. Со ненапаѓањето на ДУИ во парламентот и јавноста  се опструира СДСМ и целта е да се добие впечаток дека СДСМ е виновен за „тиранската палтформа“,  а не тие што ја напишале и потпишале на чело со ДУИ и Ахмети.

Во 8-те години заедничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во медиумите се објавуваше дека тогашниот вицепремиер Муса Џафери има исклучително блиски врски со екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а тоа можеше да се слушне и од објавените „бомби“. Џафери ги менаџира сите партиски бизниси на ДУИ и Али Ахмети, тврдат извори од партијата.