
Вирусот ги погодува ушите и не држи глуви во текот на две недели. Тој започнува како настинка, но често води до компликација, болка, бучава и воспаление во ушите. Ова може да се претвори во проблем, бидејќи голем дел од пациентите не бараат лекарска помош, пишува весникот “Телеграф”.
Причината е дека кога сме болни, нормално прифаќаме дека ушите ни се зафатени од болеста, дека благо гориме, чувствуваме бучава и непријатност. Ако сепак тоа премине во инфекција, последиците може да се многу сериозни, предупредуваат лекарите.
“Ушите еден од најранливите делови на човечкото тело можат да биде загрзоено. Всушност сите вируси на грип ги напаѓаат токму малите садови и артерии. Настинка, грип, сосема едноставна настинка, сè може да доведе до компликација”, објаснуваат експертите.
Тие сè почесто ги лекуваат пациентите со дијагноза хеморалгчно воспаление. Тоа е акутно воспаление на средното уво со крварења кои влијаат врз слушниот нерв.
Ова може да доведе до трајно оштетување. Болеста нема ризични групи. Тоа може да влијае како на големи, така и мали. Се карактеризира со силна болка во едното или на двете уши, можно е да се манифестира со истекување на секрет (гноен или бледо крвава).
Може да дојде до висока температура и дури треска. Лекарите сигнализираат дека при првите болки е особено важно да се побара медицинска помош. Во меѓувреме започнува и бумот на поленски алергии или слично поленска треска.