Нова седница на парламентот со излитени фрази и аргументи и денеска

од Vladimir Zorba
115 прегледи
 Засега нема вест од македонскиот недоконституиран парламент. Едните имаат намера да го формираат  да изберат претседател и да почне функционирањето на институциите, други не сакаат-бараат нови избори. Едните имаат парламентарно мнозинство и сакаат да гласаат, другите се малицинство ама го имаат претседавачот на седницата кој ги вози како сака со поткрепа и сила на пратениците на власта на заминување.
Од работата нема ништо, само надграден и проширен систем за блокада. Еднаш е преку збор, вторпат преку реплика, па преку контрареплика, па преку прецедурално…
Деловник има правила нема
Како и се останато и деловникот и секој член и секој став – секој си го толкува по свое. Скриени во глувчешка дупка , ама и да ги има, и уставните и правните експерти или молчат или и тие,секој си толкува според потребите на партијата или бизнис интересите.
Најавата е стандардна ;Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи 12. продолжение на конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, и избор на претседател на парламент.
И заканата е стандардна:, Ако нес е откажете од платформата или ако изберете претседател или тргнете да правите влада ќе ви влеземе во парламет  со блдожери и ќе ја браниме Македонија со сите средства. Лидерот и пратениците на ВМРО ДПМНЕ секој ден забиберуваат ..„ не си играјте со оган , кој знае народот што ќе направи, со сите средства ќе се браниме…..
Што?
Пратениците секој на своја страна на први им доаѓа пратеничката плата, пратениците вгнздени во бизнистите и провизииите , и ним  не им се брза,  а на граѓаните навистина им останува  само улицата  и така со врзаните околу вратот  со жолтоцреените јаженца, во  исчекувањето  ќе тргне ли конечно  државата напред. Та не се само пензионерите и плати треба да се даваат.  Ама тука изгледа ни господ не помага иако нели сме во Страсната недела на страдањата и велигденски пости- што ќе рече без пакости, без гадости и лоши мисли за ближниот. Денеска е Велика среда кога Јуда се решава на предавството за 30 сребреници да го продаде Спасителот. Тоа ќе го каже Учителот на тајната вечера. Што не чека денеска на јавната седница?
Таа е заглавена. Претседавачот Трајко Вељановски  не дозволува никаква можност парламентарното мнзинство да гласа, затоа што ќе биде надгласано неговото  ВМРО ДПМНЕ, а тоа значи негово заминување во опозиција.
Несудениот претседател Талад Џафери молчи и чека. Всушнот нему тоа и не му е ново.

Вака како што стојат работите , до колку не се преземат конкретени чекори седницата би требало да трае до Септември, до очекуваната клима и промени со меѓународните влијанија.

Веќе видена (НЕ) моќ

Вчерашното  и завчерашното 8, 9, 10, 11…. продолжение  поминаа во остри спротивставувања, дофрлувања од место, куп процедурални забелешки и со неколку реплики, а седницата во најголем дел се сведе на толкувања на членовите 78, 80 и 65 од деловникот на Собранието, дали може или не да се побара измена на дневен ред додека сè уште трае претресот на третата точка. Станува збор  за предлогот од 10 пратеници на СДСМ поднесен во четвртокот, место за актуелната трета точка, да се оди на четвртата точка – избор на нов претседател на парламентот.

Денеска веројатно ќе бидат анализрани други членови од деловникот, но суштината е сепак трошење време и блокада. Па дури и Трајко ,за да глуми кооперативност, и да ја профати следната точка повторно ќе имаме ситуација на 51 пријавени за збор и истиот систем реплика- контрареплика,  и пак блокада.

Целата поента на конститутиваната седница е  спречување да се гласа, односно да се се конститутира Собранието колку за оправдување дека излез се само нови избори. Тоа е позицијата на ВМРО ДПМНЕ.

Вториот проблем е ДУИ

Тука не се исклучена калкулациите  на поранешните колиционери на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, кои за воља на вистината никогаѓ не ги прекинаа релациите. Нормално ги врзуваат бизнисите кои заедно ги тераат последните 10 години од владеењето, и тоа не целото ДУИ туку само лидерот и неколкумина околу него.  Потпретседателите Арифи, Меџити , Бејта и другите охрабруваат ама  другите калкулираат.

Овие денови во јавноста излезе дека  деновиве имало две случајни средби на челници на ВМРО ДПМНЕ со босот од ДУИ Муса Џафери во „Бистро“ и во „Балканика“ во Скопје. Биле видени на  мубает  Антониот Милошовски и Никола Тодоров. Тоа велат требало да личи дека „случајно“ се сретнале и  веројатно прават повеќе од кафе мубает. Што договарале што не можело да се каже и преку телефон: Дали само за бизнисите, дали  за парламентот или колку се ова уште вака да се влечка – Господ знае!

Факт е дека Ахмети не брза, и нема некоја одлучност да нагази и да се стави во функција парламентарното мнозинство. На бројката од 67 се придодадоа и двајцата на ДПА сега се 69, ама кој може да биде сигурен во довчерашните пајташи на Никола Груевски ,ете не повеќе, браќа по бизнисот, а тука нели правилото е дека нема емоции.

Во меѓувреме, се одржа куса средба на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица по која лидерот на партијата Али Ахмети порача  дека не гледа светло на крајот од тунелот. Малку е перверзно  да имаш парламентарно мнозинство а да велиш дека не го гледаш светлото и дека од другите зависи решението. Тоа дефинитивно значи дека седиш на две столици.

„Решавањето на кризата  не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло на крајот од тунелот, но се надевам дека сите партии ќе дадат свој придонес да излеземе од кризата“, рече официјално Ахмети и додаде дека со закани и уцени нема да се реши кризата, и дека нема да учествува во тоа.

Поинаку кажано ним не им се брза, тие и онака се во Влада, на теренот за нови избори стојат лошо, а оваа ситуација на враќање на лидерството и превласта од заканите на БЕСА и Алијансата на Албанците им годи- што подлго тоа подобро.

Во меѓувреме билдање на стравот , закани со војна , хушкања за насилство не престанува ниту од собраниската говорница ниту преку провмровските портали радија и телевизии. Истата порака је верглаат и заплашуваат со 200.000 народ , а тоа деновиве едвај стига до 7-8 илјади , сосе членството  пратениците и  лидерот. Можеби тоа е и дека сме пред велигденските празници, кој сега ќе се бавта со државата.

 
Излезот веројатно  е во  надминување на личните интереси во случајот на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ , одлучност кај СДСМ и пред се  натпартиските интереси кај сите, за кое има поддршка барем од 700.000 граѓани.  Но да се истера Воскресот па може и ние ќе се родиме пак. За многу години и без лоши мисли.
Ад