Пратенкот Ферид Мухиќ со намера да ја запре бесползената дебата на конститутивната седница директно му се обрати на барањето на Илија Димовски да се распушти парламентот ,веднаш да се оди на нови избори.
„ Сакам да ве прашам дали сте победници или поразени се гледа од вашите барања. Секогаш реванш бараат поразените, вие барате нови избори а велите дека сте победници, тоа некако не оди заедно порача пратеникот Мухиќ.
Илија Димовски реплицира дека тие се за предвремени заеднички локални и парламентарни избори како излез, за да се спречела политчката измама.
Од СДСМ по кој знае кој пат бараат да се гласа и да се избере претседател и да профункционираат институциите на системот.
Нови избори не се решение затоа што повторно инструментилазираниот претседател Иванов нема да им го даде мандатот да фомираат влада и тоа е апсолвирано прашање, порачуваат пратениците од СДСМ, на попладневното 12 заседание на конститутивната седница на новото Собрание на РМ. 
Државата не е загрозена туку криминалот на кој имаме намера да му се спротиставиме , порача пратеникот Манчевски. Ние сме за едно општество а не за поделени министерсстав на албанци и македонци као што работевте до сега , победник со победник тоа е бинационалност и федерализација , и тоа беше до сега така владеевте-ние сме за едно општество за сите од тоа нема откажување порача пратеникот Манчевски кој доби аплауз за кажаното.