Имало(ли) средба Груевски- Заев во ПАРЛАМЕНТОТ?

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Столчињата на лидерите на двете најголеми партии, беа празни цел ден. По попладневната пауза низ собраниските кулоари се слушна дека  Никола Груевски и Зоран Заев ќе дојдат во Парламентот.

Прв кој влезе во Собраниската зграда беше социјал-демократот Зоран Заев. Влезе од службениот влез, каде што најчесто се и новинарите. Се задржа 20-тина минути во зградата, но не им се приклучи на останатите пратеници. Кога излезе од Собранието го прашавме случајно на не бил на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 Во Собранието дојде и Никола Груевски но не се појави пред медиумите. Но нашата екипа го улови неколку минути откако си отиде Заев. Излезе како што влезе од главниот влез на Собранието. Негово возило го чекаше пред врата. Возилата на Груевски и Заев тргнаа по истиот пат. Но, автомобилот на Груевски направи  мал сообраќаен прекршок. Тоа прилично ги налути останатите возачи кои чекаа на семафорот.

Видео – ТВ21