Обвинителството во Турција сака доживотни казни за новинари

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Тројни ДОПОЛНИТЕЛНИ доживотни казни бара  државното обвинение во Истанбул за 30 новинари и издавачи од  “Заман”.

 

На 4 март 2016 година, весникот беше предводена од ВД, а на 27 јули затворен со судска одлука. Според обвинението “Заман” дејствуваше како печатен орган на организацијата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен, сочен за сторител на обидот за преврат од 15 јули минатата година Во судот ќе се појават 30 обвинети, од кои 21 лица беа приведени под стража и во затвор  И очекуваат закажувањето на случајот. Еден од нив успеал да избега и  да се скрие пред операцијата за апсење , па е  издадена потерница за негово апсење.

Тие се обвинети за акција за елиминација на уставниот поредок, на парламентот и владата, како и во членство во вооружена терористичка организација, поради овие злосторства обвинителството инсистира за доживотни затворски казни.

Обвинението е доведен во кривичниот суд во Истанбул, се очекува во рок од 15 дена судиите да се изјаснат со одобрување или одбивање.

Ако документот биде усвоен во наредните денови обвинетите ќе се соочат со судот. Сомневањата против новинарите и издавачите кои веќе фигурираат како конкретни обвиненија беа објавени уште со одлуката во редакцијата да биде воведен државен надзорник. Судот тогаш посочи дека издавачката куќа служи на интересите на ФЕТО и паралелна држава и има цврсти докази за тоа. Личеноста  е  режисерот на овој план – Фетхуллах Гулен, кој од 1970 година дејствувал  со религиозни мотиви под маската на образовни и тренинг цели . Како иделог тој наметнувал  идеи и создавал група од свои симпатизери кои во подоцнежна фаза се масовно назначувани во државните институции. Инфилтрирани во сите нивоа на  власта кадрите  добивале заповеди и задачи надвор од државната хиерархија, регистрирале  фирми и холдинг со трговска дејност, ги злоупотребувале  верските чувства, собирале помош и донации, кои ги предаваат на трговските друштва и така со механизмите на државната машина тие лично профитирале  . Со цел проширувањето на организацијата им се создаваат весници, телевизии, списанија, радио станици, се наведува во одлуката од март минатата година Уште тогаш започнало истрага против 47 издавачи и новинари под сомневање за членство во групата на Гулен.

Пред една недела заврши истрагата против 19 менаџери и новинари од опозицискиот “Џумхуријет” во Турција, главен виновник е поранешниот главен уредник Џанг Дјундар кој е во странство од минатото лето. Тие се обвинети за членство и поддршка на активностите на терористички групи, а весникот – како бранител и агент на организацијата ФЕТО, на курдската ПКК и на Револуционерната народна ослободителна партија-Фронт / вооружено крило на забранетата во Турција марксистичко-ленинистичка партија /.

Обвинението е доведено во Кривичниот суд во Истанбул. Во него особено е подвлечен фактот дека откако во 2015 година Џанг Дјундар станува главен уредник на весникот, политиката на изданието радикално се менува,  се менуваат целите и целта, и токму под негово раководство се покажуваат како  адвокат и поддржувач на терористичките организации.

“На 8 февруари 2015 година Џанг Дјундар го предводи весникот, од што следува радикална промена во издавачката политика, оваа промена надминува основните уредувачката задачи и преференции, потоа дејствува во услуга на ФЕТО и целта на паралелната држава, на ПКК и Сокол на Курдистан, на револуционерната народна ослободителна партија-Фронт, а  сите тие се вооружени групи. Тоа се случува со објавување на манипулативни вести и статии. Истрагата за оружје испораки со камиони на националното разузнавање MIT, во кое се тврди дека турската држава и претседателот поддржуваат тероризам, гради неверен имиџ на истите. Од друга страна, публикациите во весникот градат позитивна слика на терористичките организации и нивните активности, но ги  елиминираат законските операции против нив на силите за безбедност “, наведено е во документот.

Заплашувани од доживотен затвор 19 издавачи и новинари се повеќе од 5 месеци зад решетки во затворот Силиври во Истанбул, забранета им е преписката ограничени им се  посетите со семејствата само еднаш неделно по 1 час. До моментов нема никакво движење по жалбата поднесена до Уставниот суд во декември 2016 година против незаконското  задржување и  претстои жалба до Европскиот суд за човекови права.