Само $ 200, ако е мигрант

Стотици мигранти се купени и продадени на роб пазари во Нигер и Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција во Женева, пренесе АФП .
Шверцери на луѓе продаваат мигранти за 200 до 500 долари, а жртвите често пати се држени во заробеништво со месеци и потоа присилени да вршат тешка работа или се користат како секс робови или проститутки. Ова го изјави Отман Белбеиси, шеф на миграциската агенција на ОН во Либија.
ИОМ собралe сведочeња од мигранти кои се обиделе да влезат во Либија со цел да продолжат на патот кон Европа преку Средоземно Море.
Преживеани раскажуваат ужасни приказни како киднаперите ги уценуваат за пари со тортура и ги терале да се јават на своите семејства за откуп. Некои мигранти се принудени да работат на роб пазари или да ги чуваат дома како заробеници. Кој не успева да плати откуп, го оставаат да умре од глад, велат сведоците.