Balkan Insight: Политички борби ја засенија радоста на Велигден на Балканот

од desk2
96 прегледи

Велигден зазема посебно место во срцата на повеќето луѓе на Балканот, нудејќи комбинација од допадлива традиција, радосни моменти со семејството и пријателите, храна и убави глетки. Во многу балкански земји сепак спокојството на христијанскиот празник кој треба да ги обедини луѓето од различни етноси и религии, е оцрнета од комбинација на политички, социјални и меѓуетнички тензии кои еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги нарече дека личат на “тава, полно со масло” пишува Balkan Insight.

Додека балканските граѓани знаат како да го слават и сигурно ќе извлечат најдоброто од претстојните празници, голем број на вознемирувачки прашања можат да направат некои од нив да не спијат во текот на ноќта.

Србија – потресена од улични протести

Протести против владата изведоа илјадници луѓе на улиците во Србија секоја вечер во текот на последните две недели, откако премиерот во оставка Александар Вучиќ победи на претседателските избори на 2 април.
И додека учениците доминираат н предната линија на “протестот против диктатурата”, другите социјални групи исто така се приклучија. Нивното главно барање е оставката на владата.

Реакцијата на самиот Вучиќ беше изјавaта дека протестите се легитимни се до моментот во кој тие остануваат мирни.
Учесниците коментираа дека ќе продолжат своите протести по Велигден.
Додека Вучиќ претстои да стане претседател на Србија, останува нејасно кој ќе го замени како премиер. Локалниот весник “Блиц” коментира дека е речиси сигурно дека тој или таа нема да дојде од редовите на владејачката Српска напредна партија на Вучиќ. Сепак најверојатно ќе остане на функцијата за година, бидејќи нови парламентарни избори најверојатно ќе бидат закажани во текот на следните два месеци.

Македонија – ќор-сокакот предизвикува стравувања за насилства

Велигденските празник во Македонија доаѓа среде длабока криза, гравитираат околу одбивањето на претседателот Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да ги признаат изборните резултати од декември и да дозволат формирање влада, предводена од опозициската партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).
Во позадината ВМРО-ДПМНР ги повтори повиците кон луѓето да ја “штитат земјата” од наводната опасност од формирањето на новата влада, протести од поддржувачите на партијата ги потресоа главниот град Скопје и градови низ целата земја.
Демонстрантите, како и нови “патриотски здруженија” индиректно се заканија со насилство, ако СДСМ обиде да избере нов претседател на парламентот и нова влада за инает на шефот на државата.

Албанија – бојкот на опозицијата заканува изборите

Од февруари наваму опозицијата го бојкотираше парламентот и подготви улични демонстрации во Тирана во знак на протест против владата предводена од Социјалистичката партија на Албанија влада.
Водачот на опозициската Демократска партија на Албанија, Љуљзим Баша, инсистираше социјалистичкиот премиер Еди Рама да се повлече и да овозможи изготвување на службената влада, која може да ја води земјата кон “слободни и фер избори”.
Опозицијата тврди дека со парите што ги доби од раширеното одгледување на канабис, може лесно да се користи од владејачките партии за манипулирање на изборите.
Во прилог на кризата во понеделник 27 опозициски партии одбија да се регистрираат за изборите на 18 јуни. Сега не е јасно дали изборите можат да продолжат.

Косово – притисок за поместување на премиерот Иса Мустафа

Во Косово започнува паузата во позадината на свежи обиди на опозицијата да ја собори владата на премиерот Иса Мустафа.
Опозициската партија “Иницијатива за Косово” иницира ново гласање недоверба во коалициската влада на Мустафа, што беше поддржана од други две партии – “самоопределување” и “Алијанса за иднината на Косово”.
Опозицијата исто така обидува да привлече пратеници од владејачката “Демократска партија на Косово”, за да се увери дека има доволно гласови да смениме Мустафа.
Истовремено партиите во владата обидуваат да соберат потребните гласови за ратификација на спорниот договор за одбележување на границата со Црна Гора.
Парламентот се уште не го ратификуваше договорот поради силен отпор од страна на опозициските партии кои тврдат дека земјата пренесува дел од својата територија. Европската унија сепак направи усвојувањето на договорот основен услов за визна либерализација со Косово.

Романија – без одмор за владејачките Социјалдемократска

Романската влада, на чело со Социјалдемократската партија, е подложена на оган, заради зголемување на платите и укинување на даноците на доход без направена проценка за влијанието врз државниот буџет и економија, додека пратениците од владејачката партија и министрите продолжуваат да вршат притисок за продолжување на новото антикорупско законодавство во земјата.
Владата во Букурешт одлучи да ги зголеми платите на вработените во јавниот сектор во фази до 2022 година, и покрај предупредувањата од страна на економисти и на Централната банка дека економијата на земјата не располага со капацитет да ги покрие таквите зголемувања. Експертите предупредија дека речиси една третина од буџетот ќе биде потрошена за плати.
Власта исто така, планираат да го намалат данокот од доход од 16 на 10%, како и до нула проценти за оние кои заработуваат помалку од две илјади леи (450 евра) месечно. Економските експерти предупредуваат дека укинувањето на даноците на доход ќе доведе до други трошоци.
Романските министри исто замислуваат за вистинска фискална револуција: Владата планира да воведе нови даноци за домаќинствата и со цел да функционира ова, државата ќе вработи 25 илјади фискални експерти да помогнат на Романците да пополнат извештаи за приходите и да обезбедат приходи за сите одземени трошоци .

Босна – етничките борби се претвораат во меѓупартиски војни

Трите членки на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина во вторникот одржаа седница по речиси три месеци никакви средби, иако според правилата за обврзани да се состануваат најмалку еднаш во рок од 14 дена.
Причината за долгата пауза беше гневот на босанските Срби за неуспешниот обид од страна на Бошњаците во земјата, предводена од босанскиот член на претседателството, Бакир Изетбеговиќ, да ја оспориодлуката за геноцид што ја ослободува соседна Србија обвинувањата дека учествувала во геноцидот во Сребреница за време на војната меѓу 1992 и 1995 година
Српскиот член на Претседателството Младен Иваниќ и неговиот хрватски колега Драган Човиќ ја блокираа жалбата и го обвинија Изетбеговиќ дека инсистира на жалба пред тоа да обезбеди консензус.
Човиќ исто така негодуваше против Изетбеговиќ дека ги попречил на Хрватите да добијат своја заедница во Босна, каква имаат Србите во Република Српска.
Меѓуетничките спорови во Босна и Херцеговина исто така се преклопуваат со меѓупартиските судири, бидејќи српските партии во Република Српска се борат за власт меѓу себе, како и со босанските партии на национално ниво.

Бугарија – последователен влада е блиску до составувањето

Бугарија изгледа е блиску до има своја трета влада за пет години – период обележан со масовни протести и политички превирања.
Водечката централнодесничарска партија ГЕРБ, која го освои првото место на предвремените парламентарни избори на 26 март, и националистичката коалиција “Обединети патриоти, која остана на третото место, постигнаа договор за програма за нивна идна коалициска влада.
Документот е долг 21 страници, симбол на посветеноста на коалицијата да управува со земјата за целосна четиригодишен мандат.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, коментира дека министерските позиции во кабинетот, кој тој ќе ги води, ќе бидат поставени во неделата по велигденските празници.