Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја  прекине практиката да бидат објавени книгите со имињата на посетителите на Белата куќа, пренесоа агенциите.

The White House in Washington DC with beautiful blue sky

Во соопштението на Белата куќа се вели дека објавувањето на таквите информации носи “сериозни ризици за националната безбедност и заштитата на личните податоци “.

Според нова одредба, списоците со посетителите може да се искажувани не порано од 5 години откако завршило владеењето на претседателот Трамп.

Експретседателот Барак Обама објави на сајтот на Белата куќа имињата на 6 милиони посетители.

Приврзаниците на оваа практика посочуваат дека таа дава идеја за тоа какви луѓе и групи на луѓе влијаат врз политиката на претседателот.

Директорот за комуникации на Белата куќа Мајкл Дубке повикувајќи се на одлуката на американскиот суд од 2013 година , со што се предвидува дека повеќето податоци од регистрацијата на посетителите се поврзани со работата на претседателот и не потпаѓаат под дејство на Законот за слобода на пристап на информациите.

Од претседателската администрација посочуваат дека новата политика во суштина го враќа редот од времето пред управувањето на Обама.

Администрацијата на Обама започна да објавува листи посетителите во 2009 година, како од нив се исклучи имињата на оние кои доаѓале на лични посети на членови на претседателското семејство и на луѓето со кои се дискутира деликатни прашања. На пример, имињата на потенцијалните кандидати за врховни судии не беа искажувани.