Politico: Што да се направи, за да камионите не се претвораат во оружје на терористите?

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Терористите gi  претвораат камионите во оружје: тие убиваа во Берлин, Ница и Стокхолм, пишува весникот Politico

Владите и индустријата не можат да најдат лесен начин да спречат такви релативно едноставни напади. Но некои од технологиите ставени во модерните камиони, ги прават посигурни и повеќе лесни за следење, што исто така може да спречи да бидат користени како терористичко оружје.

Во одговор на нападот во Стокхолм пред една недела, каде четири лица загинаа, шведското Министерство за инфраструктурата во четвртокот одржа средба со агенциите за безбедност и локалните власти.  “Целта на овој вид напад е да сее страв и омраза”, изјави министерот за инфраструктурата Ана Јохансон. “Има консензус за потребата од поширока соработка”, истакна министерот.  Некои од  идеите во Стокхолм вклучуваат употреба на обични бариери за возила во пешачките зони, како и технолошки иновации за големите возила, додаде Јохансон.