Иванов го откачи и Билд- имал други обврски немал време за дипломатија

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи Карл Билд престојува во Скопје. Целта е уште еден обид  да се најде излез од сериозната криза со Македонија.

Карл Билд  објави дека пристигнал во Скопје и дека е тука во кратка работна посета на регионот. Тој најави дека ќе престојува и во Белград. Според твитер-постот, целта на посетата на регионот се европските политички опции.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса потврдија дека нивни претставници денеска  ќе имаат средба со Билд, копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи (ЕЦФР).

Од Кабинетот на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов  информираа дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов, но бил одбиен оти денешната негова агенда била поинаква, и со други приориттети.

 

 

 

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи ќе се среќава и со амбасадорите во земјава и Претседателот Ѓорѓе Иванов а тема на дискусија, како што пишува на неговиот блог е политичката криза во Македонија. Од тука се актуализира прашањето: дали е на повидок нов обид за меѓународно посредство за излез од политичкиот ќор-сокак?
„Останува да видиме дали ќе успееме да формулираме релевантни препораки во согласност со европските политики.
Бројни посети од ЕУ минаа различни нивоа до сега не успеаа да го прекинат политичкиот застој. Вистина е дека политичките смртни случаи може брзо да се претворат во нешто друго. Историсаки и фактички Босна и Македонија се најпроблематични на Балканот. Може да се аргументира дека во некои случаи, Македонија претставува поголем предизвик.“ – изјави Билд.
Според Билд, Охридскиот рамковен договор во суштина функционира. „Земјата колабираше наместо да се подели по етнички линии“ смета дипломатот. Давајки преглед на историските проблеми за Македонија, Билд наведува дека спорот со името е дел од предизвиците за земјава кој го блокирал влезот на македонија во Европската унија и НАТО.
„Ако ова е дел од „бекграундот“, акутната ситација претставува акутен конфликт за формирање на влада по контроверзни избори во декември. Ваквиот ризик, кој во дел се формулира и со етнички термини, може да има поголеми последици.“ – вели Билд.
Тој  престојува во Скопје два дена по што заминува во посета на Белград. Поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија е познат по своите видно директни реторики за состојбите во регионов и неодамна порача дека постои ризик Балканот повторно да стане запалив а искрата да потекне од Скопје. Според Билд, Европа има јасен избор: или ќе се занимава со проблемите на балканските земји или истите проблеми ќе се занимаваат со европските лидери