Амбасадорот на Северна Кореја во ОН Ким јин Рене изјави дека САД создале опасна ситуација во регионот, претставува сериозна закана за мирот на Корејскиот полуостров.

Според него, “САД создале опасна ситуација во која нуклеарна војна може да започне во секој момент”, пишува “Рускаја Весна”. “Тоа е сериозна закана за мирот и стабилноста (на Корејскиот полуостров)”, рече амбасадорот на Пјонгјанг на брифинг во ОН во понеделникот.
Минатата недела обединетиот комитет на генералштабовите на вооружените сили на Јужна Кореја соопшти за неуспешна употреба на проектили на Северна Кореја. Според податоците на јужнокорејските војници, Пјонгјанг се обидел да изврши лансирање на неопределено ракета во реонот Синпхо во провинцијата Хамгон-Намдо. Типот на ракетата сеуште не е утврден, но експертите не исклучуваат дека може да станува збор за балистички ракети со просечна должина на летот KN-15.
По обидот за истрелување јапонската влада создала кризен штаб кон канцеларијата на премиерот, а владата на Јужна Кореја свика вонредна седница на Постојаниот комитет на Советот за национална безбедност.
Претходно денеска потпретседателот на САД Мајк Пенс во текот на посетата на Јужна Кореја го предупреди Пјонгјанг дека тој не треба да подлежи на сомнеж на решителноста на американскиот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи за неодамнешните активности на Вашингтон во Сирија.