Младата ѕвезда на Тотенхем Деле Али (21) ја измами својата атрактивна девојка Руби Меј со Шернa Фогарту, а сето тоа стигнало дo жолтиот печат благодарение на една фризерка.

Англиските медиуми објавија дека фудбалерот на Тотенхем и Шерна поминале неколку дена заедно во еден хотел, откако играчот го прославил 21-от роденден.
Гласините почнаа да се шират кога Шерна сето ова и го раскажала на нејзината фризерка, која потоа го пренела на еден пријател, а тој ја открил целата приказна за англиските медиуми.
“Деле ме нарече добра девојка. Сјајно се забавуваме и по неколку пијалоци отидовме надвор. Тоа беше убава ноќ”, наводно изјавила Шерна.
Не е за џабе што велат дека фризерка и таксисти знаат повеќе од разузнавачите.
Види ја слика на неговата девојка
