Ева Лонгорија е на егзотичен одмор во Хаваи.
42-годишната актерка се фрли во разбранувани води на водопад, обезбедена со појас за спасување.
Инаку Лонгорија е на блажен одмор со нејзиниот сопруг Хозе Бастрон и друштво. Откако се оддаде на релаксација и спокојство на јахта, на Лонгорија ѝ се присака да се раздвижи со нешто екстремно.
Таа се одлучи да додаде адреналин во денот, кога викајќи се пушти во брзаци на еден од најпознатите и големи водопади на островот.