Црвенковски ја отвори вратата и за ДПМНЕ и за владеењето на неправото во Македонија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Професорката Мирјана Најчевска побара „да не се идеализира ниту една политичка партија или политичка гарнитура или поединец“.

Активистката за човекови права и политички аналитичар со остри зборови повика да се престане да се „идеализира“ Бранко Црвенковски:

„Човекот беше и е маалски мангуп (ни помалку ни повеќе), човек кој ја отвори вратата на владеењето на неправото и кој (меѓу другото) ја нанесе најголемата штета на Македонија – ја отвори вратата на дејствувањето на ДПМНЕ“, пишува Најчевска на својот фејсбук-профил.

Најчевска е конзистентна во ставот кон бившиот лидер на СДСМ.

Точно пред една година, на 18 април 2016 година, на истата тема – Црвенковски – напиша:

„За мене тој е мртов политичар. Човек кој направи премногу грешки, кој го отвори патот на денешното урнисување на владеењето на правото и кој од најлични побуди одби да се воспостават контролните механизми и на независното судство. Мислам дека беше преблаго казнет со тргање од политичката сцена“.