
Собраниската конститутивна седница на чиј дневен ред се изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и изборот на претседател на Парламентот ќе продолжи во понеделник.Намерите за блокада не се не очекувани, исто како и ставање во функција на парламентарното мнозинство.
Последниот вчерашен ден од 16. продолжение на оваа седница помина во реплики, контрареплики и процедурални забелешки на пратениците поврзани со тиранската платформа, и кој и зошто има корист од политичката криза во земјата, а не со расправа по точката на дневен ред.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од платформата, а решението го гледаат во одржувањето нови избори. Според нив, СДСМ треба да одговори што договориле со прифаќањето на тиранската платформа.
Пратениците од СДСМ пак побараа да се зборува за точката од дневниот ред на седницата. За нив најважно е деблокирањето на Собранието и изборот на нов собраниски претседател.СДСМ не се откажуваат во никој случај од формирање на институтициите и ставање во функција на парламентарното мнозинство.
Деновие се повеќе шпекулции дека во функција на барање на излезно решение засега зад затворени врати се анализираат можности за организирање нови избори, и дека дури таква тема имало и меѓу двајцата лидери на власта и опозицијата.
Како можен датуми кои се лиферуваат се од крајот на годината до предвремени избори за две години. Се прават комбинаторики и дали предвремените избори треба да се спакуваат заедно со претседателските, или со локалните избори.
Како излезно решение од блокадата за избор на нова Влада и мирен трансфер на власта се анализира можноста за формирање на експертска влада во кое нема да има место и влијание за ВМРО ДПМНЕ .
Продолженео на конститутивната собраниска седница е закажано за понеделник , која стартуваше од 30 декември 2016 година.