Maслата кои ги љуби кожата

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Користење на масла на кожата често се перцепира за штетно. Тие сепак имаат лековити својства за најголемиот орган. Тие можат да олеснат различни кожни нарушувања, вклучувајќи и акни.

Маслото продира само во епидермисот на кожата – најмногу надворешниот нејзин слој. Тоа не поминува низ дермисот – живиот дел на кожата. Ова помага да се задржи влагата во неа.

Постојат различни масла кои можат да ја одржуваат кожата добро хидрирана и да  подобрат состојби кои влијаат на целото тело.

Кокосово масло

Познато е дека тоа носи многу бенефиции кои го подобруваат здравјето на нашата кожа. Кокосовото масло влегува во составот на најразлични козметички производи, поради неговите антибактериски и антифунгални својства, што го прави идеален овлажнител.

Авокадово масло

Маслото од авокадо има антиинфламаторни својства, кои се исклучително корисни за оние кои страдаат од акни. Во ладно цедено масло од авокадо се содржи висока концентрација на олеинска киселина, која може да се аплицира локално за ублажување на различни кожни состојби, како што се акни.

Во прилог, авокадовото масло е и одличен извор на витамин Е, кој може да биде од корист за намалување на лузни.

Масло од јојоба

Ова масло се користи за намалување на појавата на брчки и стареењето на кожата. Тоа содржи важни хранливи материи, меѓу кои витамин Е и Б-комплекс, бакар, хром, силициум. Во маслото од јојоба се откриваат уште цинкови минерали кои се апсорбираат лесно во кожата.

Маслото од јојоба го имитира природниот себум, затоа тоа е присутна во голем дел од козметичките производи за нега на кожата.