
Социјалдемократите воздржани по оптимистичката најава од нивната коалиција во собранието дека за идната недела ќе биде избран претседател на собранието. Од СДСМ без да конкретизираат само кусо велат тоа е можно да се случи во секој момент, информира Телевизија 24.
„Стратегијата е дека мнозинството во собранието многу брзо ќе ја превземе одговорноста за собранието и за стостојбите во државата“ – вели Дамјан Манчевскки
Пратеникот од турската партија вчера тврдеше дека сигурнсот може да потврди дека идната недла ќе се бира претседател на собранието. Сепак не се воздржани околу можните опции кои им се на маса, порачуваат дека најелегантен начин за деблокада на собранието – е најстариот пратеник Бранко Манојковски да го смени Трајко Вељаноски од претседавачката позиција, само за тоа велат потребна е иницијатива од ДУИ – да го оспорат претседавањето на Вељаноски и Манојловски да ја превземе седницата, но велат за тоа е потребно акција од ДУИ, која засега изостанува. На маса се уште останува и можноста што е како последна, откако ќе исцрпи дебатата ја најавуваат од парламентарното мнозинство останува и можноста за избор на претседател надвор од собраниската сала. Како велат, тоа може да донесе проблеми околу функционирањето, бидејќи би имало паралелни функционери.
Од ДУИ воздржани за двете опции, а недостапен беше и најстариот пратеник Манојловски. Од партијата на Ахмети само кусо велат поместување ќе има кога ќе има договор, меѓу Груевски и Заев. Дел од албанскитре медиуми денеска објавуваат дека средба меѓу лидерскиот двоец имало во вторникот во собранието – нешто што од двете партии и денеска го демантираат.
Целиот текст можете да го читате тука