Ѕирнете во можеби најздравото катче на гламурозното Монте Карло

Речиси нема особа во Србија која, во намера да ги следи настаните во светскиот тенис- што во значителна пропорција се однесува на информациите и резултатите за настапите и кариерата на Новак Ѓоковиќ, во последната година дена не се интересирала за темата на неговата исхрана..
„Спасоносно мени„ за нашиот народ е сармата, бурекот, скарата, па секогаш кога се навивало за Ноле во финалето на турнирите ширум светот ,ете ја забавата на српски начин со традиционалната трпеза.
За тоа време брачниот пар Новак И јелена Ѓоковиќ- во соработка со кулинарските мајстори за тој вид храна, многу дискретно и со вистинска мерка го развивале својот угостителски концепт базиран на првиот и очечуван ланец ресторани , кој под широката дефиниција „веганска исхрана„ промовираат хармонија меѓу луѓето , со природата и останатите животински видови.
Сугестивно наречен „Еквита„, лоциран во епицентарот на луксузниот кварт на Монте Карло и покрај таквите зданија како што е Форум Грималди(владетелското семејство на кнежевството Монако) и ширум светот прочуениот луксузен ресторан „Ќиприани„ , со ненаметлив и пријатен ентериер и екстериер овој концептуален угостителски објект од самиот влез остава впечаток дека се во него е исклучително грижливо и смислено ситуирано , со повеќе лични ноти на споменатиот брачен пар.
ХАРМОНИЧНОТО КАТЧЕ НА НОВАК И ЈЕЛЕНА
„Еквита„ е место кое ќе ги инспирира луѓето да ја избираат поздравата исхрана во нивниот секојдневен живот. Таа е концепт , љубовна приказна и тоа мојата лична- бидејќи ја делам со мојата Јелена„ на секое мени стои уводниот цитат со потписот на авторот , Новак Ѓоковиќ..
„Нашата желба е Стефан да порасне во свет во кој луѓето се сакаат, имаат обзир и почитување кон природата, своја и на животинскиот вид.Ќе го учиме од мали нозе како треба да го храни умот и телот- што значи јадење без пестициди, кои се од органска природа, базирани на растенија и подготвени со љубов. Ова е нашата семејна филозофија и цел зад концептот на Еквита, сопругата Јелена го дополнува Новак.
Од дваесет и пет помали маси за просечно двајца гости во два часот попладне- веќе половина беа полни, и тоа по се изгледа со редовните клиенти.
Од влезот не поздрави симпатичен бармен, по потекло од индискиот подконтинент, а персоналот доаѓа од латинското говорно подрачје (италијани и французи).
Првиот кадар од лева страна е резервиран за пригодна инсталација од тениското наследство(рекетите од средината на минатиот век и аранжман на топчиња), а од десната-„долче вита„ тоест сладок живот отсликан со голема витрина со многу привлечни десерти и вина.
Во просторот доминираат бои и прикази на природата- вертикална бавча, ѕидови во дрво, билки во разни поставки- а влијанието на тенисот е потцртан со еден „хај-тек„ елемент на ентериерот- со тесни вкрстени стаклени осветлени површини(линии на тенискиот терен) кои склопуваат декоративен „патерн„ на ѕидовите на локалот покрај крупн прикажаните лајт-мотиви. „Еквита концептот„на хармонија и усогласеност . „Среќа, можност, исхрана, свеж воздух, искуство, тело, природност, верување, здравје, надеж, промена„ се тие бирани зборови испишани со големи букви, покрај кои се наоѓаат цитати од неколку на сопствениците омилени филозофи, мислители, научници и историчари(Хипократ, Хант, Урих)
На таванот висат старински бакарни светилки со автентичен изглед, а мотивите на ѕидовите – меѓу кои доминира неколку отворени прозорски капаци на селска куќичка – облагородени со разни експонати , меѓу кои се најчести книгите со рецепти за овој вид кујна – како и фотографија на „ врховните домаќини„ на Монте Карло – принцот Алберт и принцезата Шарлин. Сегментот на ентериерот по кој често се рангираат рестораните –„приватните одаи„ – јасно се инспирирани со синилото и сончевината на Медитеранот (пред се на Грција И Шпанија) со голем натпис на ѕидот „What A Feeling!„ („Какво чувство„ алудирајќи на добро расположение- но евидентно и „олеснување„
ВО МЕНИТО И БЕЗГЛУТЕНСКО ПИВО
Она што е секако најважно- самото мени на ресторанот Еквита- го оставивме за крај.
Составен е од десет сегменти- предјадења, главни јадења и салати, десерти, прилози, свеќи џусови, смути, топли напитоци, вина, безглутенско пиво и млеко,цеден џус од бирани зелени растенија..
Од предј
адењата – би ги издвоиле (во стилизиран превод) „Лажна паштета со крцкава палента„ –Faux Gras With Polenta Crisps- правена од смеса на тиквички и крцкава палента и крутони, дехидрирани црни маслинки , препечени бадеми и паста од гоџи боровинки.ЦЕната е тука некаде како за една „Караѓорѓева„ негде во Скадарлија , што е и за Белград и за Монте Карло сосема океј.
Во главните јадења, погледот прво ни го привлече„Соголениот бургер„ , во кој„плескавицата„ е составена од смеса од мелен препечен орев и црн грав , со млада зелена салата, мармалад од јаболка и тиква, домашен јаболков оцет и патлиџан пире, препечени благи и домашни компирчиња и портобело печурки..
Суровата Лазања на Еквита „нанижала„ слоеви кремаста смеса од индиски ореви и рикота сирење, мариниран со сонце сушен патлиџан, песта од фстаци и магдонос , црвена зелка и масло од растителна инфузија.
Менито содржи и комбинации на јадења за брз ручек , како и за посебна селекција за најмладите гости- и тоа со „пицата„ на Еквита , детска паста, чоколадна торта, овошна салата и избор на свежо цеден џус.Во селекцијата на смути напитоците се истакнуваат „Тајната на Новак„, „ Сјајот на Јелена„ и „ Шејкот на Стефан„ ..
Шеснаесетте видови на вино и шампанско ќе послужат убаво да се наздрави , а тоа исто ќе можат да го направат и најмладите и најстарите со пет различни видови на млеко(бадемово, кокосово млеко млеко со ладно кафе, куркума).
Дека грижата за ближниот и почитувањето на природната хармонија се мотиви по кои сите се собрани околу концептот „Еквита„- видовме на крајот на нашиот престој кога услужниот келнер во манир на вистински џентлмен ја зеде „под рака „ една бабичка и ја испрати до таксито…

Светлана Вељановска