Челзи прв финалист во ФА купот

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Екипата на Челзи прва успеа да се пласира во финалето на ФА купот откако синоќа во полуфиналниот дуел што се одигра на „Вембли“ го совлада градскиот ривал Тотенхем со 4:2.

Челзи постојано водеше, а Тотенхем во два наврати само успеа да изедначи.

Стрелци на головите за Челзи беа: Вилијан (5 и 43.минута од пенал), Еден Азар (75) и Немања Матиќ (80), додека головите за Тотенхем ги постигнаа: Хари Кејн (18) и Деле Али (52).
Второто полуфинале меѓу Арсенал и Манчестер Сити се игра попладнево со почеток во 16 часот исто така на „Вембли“ во Лондон.
Финалето е закажано за 27.мај./МИА