Го нарекуваат генијот. Алберт Ајнштајн се смета за еден од највлијателните и познати научници на сите времиња, а лицето му е едно од најпрепознатливите во светот.
Денес во рубриката „(Не)Секојдневно“ споделуваме некои интересни факти за таткото на модерната физика.
Алберт Ајнштајн е роден во Германија на 14 март 1879 година во еврејско семејство. Местото на раѓање е Улм, Виртемберг.
Тој не само што сакал да свири на виолина, но и многу му се допаѓала класичната музика.
Според историските извори генијот имал проблеми со говорот до 4-годишна возраст.
Дали знаете дека првата научна книга Ајнштајн ја напишал кога има 16 години?
Таа го носи насловот “Истражувањето на состојбата на етерoт во магнетни полиња”.
Го завршува основното образование во гимназијата Luitpold во Минхен.
Во Цирих среќава некои од најдобрите пријатели, како и неговата идна сопруга Милевa Мариќ, но неговото семејство не ја одобрува врската поради верските разлики. Двајцата имаат ќерка на име Лизерл. За неа нема доволно веродостојни информации.
Според некои извори, таа умира по боледување, според други е дадена на посвојување. Лизерл е родена во 1902 година, кога парот сè уште нема склучен брак. Покрај ќерка двајцата имаат и два сина – Ханс Алберт Ајнштајн и Едвард Ајнштајн.
Знаете ли дека очите на Ајнштајн се чуваат во сеф во Њујорк до ден-денешен?
Ајнштајн минува низ тешки финансиски години, работи како учител, зазема административна позиција во швајцарската патентна служба.
За време на студиите во Политехничкото училиште, Ајнштајн ги изучува електромагнетните теории развиени од Џејмс Максвел – шкотски физичар. Со учењето открил дека брзината на светлината е константна и дека овој факт не му бил познат на Максвел.
Откритијата на Ајнштајн за релативитетот според тогашните сфаќања се спротивни на законите на Њутн, што предизвикува голем интерес во научните кругови во тоа време.
Годината е 1905, нарекувана уште “чудната година” на Ајнштајн. Во истата година неколку негови статии се објавени во едно од најпознатите научни списанија – “Annalen der Physik”. Овие статии конечно го менуваат разбирањето на физиката.
Во периодот 1919 – 1936 година е во брак со својата братучетка на име Елза.
Знаете ли дека во неговата статија “Еквивалентност на материјата и енергијата”, научникот ја покажува својата позната формула E = mc2 за еквивалентност на маса и енергија?
Работата на Општа теорија на релативитетот е завршена од учења во 1915 година.
По смртта на големиот научник, патолог, кој раководи со обдукцијата на телото, всушност го украл мозокот на Ајнштајн и го чувал во тегла. Отпуштен е и дури по 20 години поседување, кога го враќа мозокот.
Знаете ли дека Милева Мариќ и Алберт Ајнштајн се разведуваат во 1919 година по договор дека ако некогаш тој добие Нобелова награда, Мариќ ќе ги добие сите пари.
Во 1921 година Ајнштајн ја добива Нобеловата награда за физика.
Знаете ли дека во 20-те години на 20 век Ајнштајн започнува нова наука за космологијата и претскажува дека универзумот се проширува и дека не е статичен. Ова се потврдува во 1929 година од познатиот астроном на име Едвард Хабл.
Доктор Томас Соуел го измислува терминот “синдром на Ајнштајн”, кој се однесува на луѓе кои проговоруваат подоцна како мали, а потоа се докажуваат за многу надарени.
Во 1926 година Ајнштајн патентира фрижидер кој никогаш не влегува во производство, бидејќи се појавуваат нови технологии.