Средба Заев – Ахмети!

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Лидерите на ДУИ и СДСМ се сретнале во Собранието, потврдуваат за Телевизија 24 партиски извори од ДУИ. Можните опции за деблокада на Собранието, според информациите, биле темата за разговор меѓу двајцата лидери.

Нема конкретни информации кои следни чекори се договорени откако и денеска од СДСМ најавуваат дека изборот на нов собраниски спикер е прашање на време. Oд СДСМ не потврдуваат дека имало средба, велат дека таква не е одржана, но не исклучуваат да се одржи. Откако од партијата на Заев најавија дека деблокадата е можна во секој момент, најверојатно двајцата лидери ги прецизирале деталите.

Една од опциите, којашто како можна ја највуваа од СДСМ, е најстариот пратеник Бранко Манојловски од ДУИ да ја одигра клучната улога за деблокадата како евентуален нов претседавач.

По средбата со Заев, според неофицијалните информации, Ахмети на средба и со кандидатот за претседател на Собранието на новото парламентарно мнозинство, Талат Џафери.