Од Кривичниот суд за Макфакс потврдија дека последното рочиште за овој предмет е од 20 април, а било одложено бидејќи не бил присутен јавниот обвинител, кој уредно го известил судот дека е спречен да присуствува на рочиштето.

За овој предмет прво постапувал судијата Седат Реџепагиќ, првото рочиште било закажано на 26.10.2011 година и до крајот на 2014 година биле закажани вкупно 8 рочишта кои биле одложени бидејќи обвинетите не биле присутни или не било добиено известие дали истите се уредно повикани на рочиште.
Согласно годишниот план за работа на судот, предметот потоа е наследен од судијата Александар Милошевски и биле закажани 3 рочишта во текот на 2015 година кои биле одложени бидејќи судот не добил известие дека обвинетите се уредно повикани или поради отсуство на еден бранител.
Во 2017 година биле закажани вкупно 7 рочиште, од кои 5 биле одржани, а две се одложиле по барање на странките, вклучувајќи го и последното од 20.04.2017 година. Предметот е во фаза на доказна постапка, односно сослушување на сведоци при што досега сослушани се сведоци предложени од обвинителството и еден сведок предложен од одбраната. Следното рочиште, како што наведвоме погоре, е закажано за 23.05.2017 година.