(ВИДЕО) Талат Џафери во Клик плус на ТВ21: Го повика Иванов да прогласи воена состојба

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Талат Џафери, кандидатот за претседател на Собранието на ДУИ и СДСМ, на вчерашната дебатна емисија Клик плус на ТВ21 го повика претседелот Ѓорге Иванов да прогласи воена состојба..

„Jавно го повикувам претседателот на државата да прогласи воена состојба ако таа негова одлука се темели на член 122 и 123 од Уставот. Иванов знае дека тоа никому не му оди во прилог и знае дека нема на кого да објави војна„, изјави Талат Џафери, кандидатот за претседателна Собранието на ДУИ и СДСМ, на вчерашната дебатна емисија Клик плус на ТВ21.