(ВИДЕО) Приштина слави: Со огномет и огнено оружје беше проследена ослободителната пресуда на Харадинај

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Ослободувањето на лидерот на опозицијата од одговорност за воени злосторства против Србите од страна на францускиот суд во Колмар, во Приштина беше проследно со огномет и огнено оружје.

Граѓаните на Приштина го прославија ослободувањето на Харадинај, а на приштинските улици се слушаа истрели.

Апелациониот суд во Колмар во Франција денеска го отфрли барањето за екстрадиција на Харадинај во Србија.

Харадинај беше уапсен на границата меѓу Швајцарија и Франција на 4 јануари.

Србија го бара за воени злосторства извршени врз Србите во Косово.