Руски воен брод се судрил со товарен брод во Црно Море , јавуваат турските медиуми.

Забележува дека меѓу 45 и 78 војници биле спасени досега, но околу 15 војници може да се водат за исчезнати .

Рускиот брод удрил во товарниот морски суд, кој пловел под знамето на Того и превезувал животни крај одморалиштето Кумкој, во близина на Истанбул и Босфорот.

Сеуште не е јасно кои се причините за несреќата. Се очекуваат детали.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим му се јавил на рускиот колега Дмитриј Медведев, за да изрази жалење во врска со судирот.