Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

од Vladimir Zorba
71 прегледи

 

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот пријател поради тоа што не му дозволил да си ја плати сметката од ресторанот во којшто ручале заедно со уште двајца луѓе, пишува „Дејли сабах”.

Имено, Идрис се скарал со Хасан Ердемир околу тоа кој да ја плати сметката. На крај вториов победил, а Алакуш ја напуштил гостилницата. Неколку минути подоцна, тој се вратил со огнено оружје и пукал во своите тројца познаници со кои седел на масата.

Ердемир е префрлен в болница, каде што подоцна починал. Другите двајца ранети пак, се вон животна опасност.

Алакуш избегал од местото на злосторството, но подоцна е фатен од полицијата.