Македонскиот парламент го доживеа еден од најдраматичните денови во историјата.
Стотици демонстранти влегоа во Собранието на РМ вчеравечер и нападнаа пратеници, вклучувајќи го и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Зоран Заев. Повредени беа најмалку 7 пратеници меѓу кои пратеникот Зијадин Села, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Радмила Шеќеринска.
Влегувањето во законодавниот дом се случи неколку минути откако парламентарното мнозинство, односно пратениците од СДСМ и пратениците од албанските партии, го избраа Талат Џафери (од ДУИ) за претседател на македонскиот парламент.
Изборот се случи во тензична атмосфера, откако претседавачот на седницата Трајко Вељановски веќе ја беше прекинал седницата, но во пленарната сала останаа сите пратеници , а од СДСМ и оние од албанските партии и бараа нејзино продолжување. Впрочем тие најавија дека ќе бараат продолжување и во текот на редовниот дел на седницата и бараа да не се прекинува додека не се заврши или да се прејде на следната точка избор на претседател. На то беќе глув претседавачо Трајко Вељановски поради што се присптапи кон овој пристап пратниците на парламентарното мнозинство сами да продолжат преку најстариот пратеник кој по Устав и деловник може да претседава со констититутивната седница.
ВИДЕО: Демонстрантите пуштени да влезат во Собранието, пратениците се внатре
Сепак за Џафери не гласаа пратениците од две албански партии – Движењето “Беса” и од ДПА. Џафери доби 61 глас во 120 члениот парламент. СДСМ има 49 пратеници, а партијата на Али Ахмети ДУИ – 10, Албанскиот сојуз е со само тројца пратеници.
Во исто време, додека траеше гласењето кое го започна присутниот најстар пратеник во Собранието, а инаку втор најстар во пратеничкиот состав, Ферид Мухиќ, а го презема како претседавач Горан Мисовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа “Ова е државен удар”. Тие беа исто присутни во салата и го блокираат пристапот до собраниската говорница и претседавачкото столче , па целиот настан се случуваше од нога меѓу пратеничките клупи.
Џафери ја положи заклетвата и веднаш се обрати на албански, па на македонски јазик кон народните претставници.
Малку подоцна во парламентот влегоа и првите демонстранти од граѓанската иницијатива “За обединета Македонија”, кои од крајот на месец февруари демонстрираат со различни барања, главно диригирани или исти со оние на ВМРО ДПМНЕ, а според последното, тие сакаат спроведување на нови предвремени парламентарни избори, исто како и пратениците н ВМРО ДПМНЕ.
(ВИДЕО) Моментот кога насилните демонстранти ги нападнаа пратениците во прес центарот
По влегувањето во собраниската зграда, демонстрантите започнаа насилно да ги кршат ходниците и да ја запоседнуваат главната собраниска сала, додека пратениците од новото парламентарно мнозинство некое време беа заклучени во салата за прес-конференции, заедно со група новинари. Но, демонстрантите насилно успеаја да влезат и таму и да ги гаѓаат и напаѓаат пратениците со снимателски стативи и други предмети и тупаници.
Зоран Заев и пратениците од неговата парламентарна група Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Оливер Спасовски Радмила Шеќеринска , всуѓност раководството на партијата беа претепани од демонстрантите. Самиот Заев беше со крвава глава, а најтешко помина лидерот на Алијанста на Албанците Зијадин Села.
Од полицијата немаше никаква интервенција, ниту пружаа отпор при навлегувањето на демонстрантите во парламентарниот дом. Отсуството на интервенцијата на полицијата беше клучниот проблем за насилното однесување. Министерот на полицијата Нухиу најави за денеска барање за одговорност за недејствувањето или саботажата на дел од полицијата, по што беше побарана и интервенција на специјалната единица која подоцна направи ред и дури на полноќ беше сè расчистено.
Дури по два часа, откако амбасадорите на САД и ЕУ го осудија насилството и побараа одговорност од полицијата, малку по 21:00 часот специјални единици се обидоа да влезат во салата, а потоа и да направат ред.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во свое обраќање ги повика политичките лидери во земјата на консултации за изнаоѓање на излез од политичката криза. Тој сепак не го осуди насилството иако повика на прекин на истото.Во специјално обраќање кон нацијата претседателот повика на разум. „Во овие моменти на голема загриженост поради настаните околу парламентот повикувам за смиреност. Апелирам да не подлегнувате на провокации, како и на манипулативни и лажни вести“, рече Иванов. “Ги повикувам за смирување на тензиите, за разумно и одговорно однесување од страна на сите институции кои треба да ги почитуваат Уставот и законите на земјата”, рече уште тој и додаде: “Денес Деловникот на парламентот и Уставот беа прекршени. Секој еден од пратениците сноси одговорност за своите постапки.“ Според него, ситуацијата може да биде дозволена само во рамките на правниот поредок. “Поради сето ова ги повикувам лидерите на парламентарните групи утре да дојдат на консултации кај мене и на лидерска средба да разговараат за ситуацијата, како и сите можности за смирување на ситуацијата и наоѓање излез од кризата. Никој однадвор нема да ни ги реши проблемите, ако ние самите не ги решиме, согласно државните интереси на Република Македонија “, рече уште Иванов.
Американската амбасада го призна изборот на Претседател на Собранието на РМ
По 22:00 часот конечно пристигнаа припадниците на специјалните единици за евакуација на сите пратеници и новинари од зградата. Откако струјата беше исклучена, а новинарските екипи кои се наоѓаа во холот отстранети, по серија на татнежи од шок бомби, демонстрантите почнаа во стампедо да го напуштаат Парламентот, додека пратениците и останатите новинари беа изнесувани од зградата.
Претходно беа пристигнати 3 амбулантни возила кои им укажуваа помош на повредените пратеници во Парламентот, а по евакуацијата им беше укажана помош и во Ургентниот Центар. Пратеникот Зијадин Села, кој се здоби со најмногу повреди, бил примен во приватна болница.
МВР по полноќ извести дека е воспоставена контрола над собраниската зграда и е нормализирана безбедноста. Тие соопштија за 100 повредени, од кои лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.
По истиснувањето од Парламентот поголемиот дел од демонстрантите го напуштија протестот, но организаторите со една група остана да преноќи пред Собранието и најави дека „Одат до крај!“. Сепак на крајот релиси сите заминаа осве неколку шатори во паркот пред зградата.
Во раните утрински часови, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна во Скопје од Виена и на прес конференција го осуди насилството и повика насилниците да бидат изведени пред суд.
Денеска се очекува одржувањето на лидерската средба кај Претседателот Иванов.
Меѓународната заедница остро ја осуди оваа постапка на насилства во Парламентот и повика на мир и смирување на тензиите, како и она што е суштинско, тие го признаа и поздравија изборот за Претседател на Парламентот, и најавија соработка со новиот претседател Талад Џафери. И Брисел преку изјавите на Јоханес Хан и Федерика Могерини, како и Американската амбасада преку соопштението го признаа изборот на претседателот како легитимен и законски.
Локално.мк потсетува дека во текот на денот СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си упатија тешки обвинувања. Зоран Заев ја предупреди партијата на Груевски дека “парламентарното мнозинство ќе избере претседател на Народното собрание”. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека “Заев се обидува да изврши државен удар и да создаде паралелни структури, бидејќи е уценуван од странци и од наркобосови”. Граѓанското здружение “За обединета Македонија” објави декларација со повик “сите граѓани од сите краеви на Република Македонија да се соберат пред зградата на парламентот во Скопје”. Вистинскиот сопственик на Република Македонија е народот, се вели во повикот. Декларацијата беше објавена неколку минути откако демонстрантите влегоа во зградата на Парламентот.