Шилегов: Институциите веднаш да постапат, постојат дела за терористичко загрозување на уставниот поредок

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

 

СДСМ поседуваме сериозни докази коишто упатуваат на тоа дека во четвртокот во Собранието беше извршено кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, порача на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, и посочи:

Се работи за Член 313 од Кривичниот законик на Република Македонија кадешто пишува:

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.

Имаме фотографии, видео материјали и други докази и знаеме кои се лицата кои со и без маски извршија обид за убиство на пратеници во Собранието, коишто напаѓаа новинари и вработени во Собранието.

 

Доказите ќе ги доставиме до надлежните институции.

Во јавноста веќе има снимки, направени од медиумите, од пратениците и останатите присутни во Собранието на коишто  јасно се гледаат дел од насилниците и делата.

Укажуваме, Министерството за внатрешни работи и државното Јавно обвинителство, да не одолговлекуваат и да не бараат оправдувања на третиот ден по инцидентите, и веднаш да постапат, по службена должност, за утврдување на одговорноста.

Нападот на народни избраници, новинари, вработени во Парламентот, како и нападот на Собранието како државна институција е загрозување на уставниот поредок и безбедноста и мора да има одговорност. И нарачателите и извршителите на насилството во Парламентот мора да се соочат со правдата и тоа ќе се случи.

Освен домашната тоа го очекува и меѓународната јавност. Ќе посочам на денешната заедничка изјава на ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО кои упатија најостра осуда на организираниот напад во Парламентот, оценија дека властите не ги заштитија членовите на Парламентот и присутните новинари, дека нападот врз државна институција е напад врз самата демократија. И дека кривичните дела мора да бидат брзо истражени, а организаторите и извршителите да бидат изведени пред лицето на правдата!

Насилството поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков и група нивни соработници не смее и нема да ги спречи демократските процеси.

По изборот на собраниски претседател, граѓаните ќе ја добијат и новата реформска Влада којашто ја избраа на 11 декември.

Еве ги  и одговрите на прашањата на новинароте на прес конференцијата на Петре Шилегов пред седиштето на СДСМ:

 

Одговори на новинарски прашања,

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ и пратеник,

 

П1: Како ги коментирате изјавите на Никола Груевски дека полицијата постапувала по сите стандарди и дека, цитирам, „да сакале да го убијат Зоран Заев“, тоа ќе го направеле?

Фактот дека Никола Груевски е единствениот којшто можел да го добие Митко Чавков во моменти кога никој во оваа држава не можеше да го добие, фактот дека тој добро опишува како може да биде извршено убиство, говори само за тоа дека токму Никола Груевски стои зад овој инцидент.

 

П2: Господине Шилегов, од страна на Обвинителството нема никакво конкретно дејство утврдено врз основа на снимките и разговорите со приведените лица за кои информираше МВР. Дали имате впечаток дека од страна на институциите се влечат овие случаи, во делот на документирањето на одговорноста?

Сега за сега, срамно е поведението и на МВР, меѓутоа и на државното Јавно обвинителство како најодговорна институција во овој момент. Во секој друг случај, и Вие и јавноста се сеќава, дека сите, или голем дел од лицата инволвирани во овој акт на насилство и тероризам во Собранието на Република Македонија, ќе беа и снимани и сликани и ќе им беше одредена мерка притвор од страна на судовите