ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО осудија немирите во Скопје

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Дипломатите во Македонија  во заедничка изјава ги  осудија немирите во Скопје.

Шефовите на делегациите на ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО во Македонија во заедничката изјава ги  осудија немирите и насилството во Скопје од четвртокот за време на изборот на претседател на парламентот. Тие упатија порака до граѓаните за воздржаност    и избегнување на провокации и зачувување на смиреност.

“Осудувајќи  го организираниот напад врз парламентот на 27 април. Изразуваме сериозна загриженост дека властите не успеале да јги  спречат и не ја дадоа потребната безбедност на членови на парламентот и присутните новинари. Нападот на државна институција која е во основата на демократијата, е напад врз самата демократија. Очекуваме дека за овие злосторства брзо ќе биде спроведена истрага, а организаторите и извршителите ќе бидат изведени пред суд. Исто така очекуваме дека државните институции брзо ќе ги направат најважните заклучоци и ќе ги преземат неопходните мерки “, пишува во обраќањето. Дипломатите  ги повикуваат сите лица да се однесуваат одговорно и да придонесат за мирен, демократски процес. “Со насилство земјата и општеството не можат да одат напред”, се вели во соопштението.