ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Никола Груевски и натаму не се откажува од налудничавото сценарио за рушење на Македонската држава

од Vladimir Zorba
125 прегледи
Во време кога високиот дипломат на САД, Хојт Ји, прави сериозни  напори, на уставен, мирен и демократски начин Македонија да излезе од кризата и да се избере нова Влада, одговорноста е сепак на македонските политичари и медиумите.
Македонија крвари од стравот и непромислените постапки на државно политичкиот врв, посебно од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој и натаму не се откажува од налудничавото сценарио за рушење на Македонската држава, за да ја избегне политичката и кривичната одвоворност за злоделата што ги направи спрема сопствениот народ и држава.
За насилничкото и крвничко однесување во Парламентот, одговорноста  мора да се бара кај Никола Груевски и неговите соработници, како и кај провладините медиуми кои  веќе три години манипулираат со чувствата на граѓаните, поттикнуваат меѓунационална омраза, анaтемисувајќи ги сите други дека се предавници и криејќи се зад флоскулата “народот одлучува”.
Демократскиот сојуз е цврсто убеден дека наш врвен национален и државен интерес е да се формира Влада за да се смират состојбите и започне процес на спроведување на реформи за владеење на правото и еднаква примена на законите спрема сите, се вели во соопштение на Демократскиот сојуз.