Американскиот Стејт департмент упати ново предупредување до американските граѓани кои патуваат кон Европа, дека останува опасноста од терористички напади на Стариот континент, пренесоа агенциите.
Во соопштението на департманот се потсетува на неодамнeѓните инциденти во Франција, Шведска, Велика Британија и Русија, кои властите во четирите земји ги опишаа како терористички напади.
Во информациите се наведува дека организации како ИСИС “Ал Каеда” , како и досега, “имаат можност да планираат и спроведуваат терористички напади во Европа”.
Нагласува дека објектот на напади може да стане аеродроми, хотели, големи трговски центри, ресторани и клубови, како и храмови.
Предупредувањето ќе биде во сила до 1 септември.
Тоа не е базирано на информации за специфична закана , туку цели да потсети на постоечките ризици, особено со оглед на доаѓањето на туристичката сезона.