CK на ВМРО-ДПМНЕ: Мисовски и Мухиќ кривично да одговараат

од Vladimir Zorba
84 прегледи
Aктуелната политичка состојба, тема на синоќешната  седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Непочитувањето на Уставот е непочитување на Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата, бил заклучокот.

VMRO-640x395

Во соопштението на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ стои дека го осудуваат  нелегалниот обид за избор на Претседател на Собранието кој што претставува насилство врз институциите, пред се Уставот, Законите и Деловникот.

VMRO1

Централниот комитет на партијата како што стои во соопштението, го осуди и шверцерското и нелегално постапување на пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ кои со своите незаконски дејствија испратија провокација кон граѓаните на Македонија и тие за ваквото однесување мора кривично да одговараат.

-Само строгото казнување на ваквото антидржавно однесување ќе спречи да се повторува газењето врз Уставот и законите. За централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обидот за воспoставување на нелегални институции би направило преседан кој во иднина може да се злоупотреби, и да стане вообичаена пракса и на тој начин да се суспендира волјата на граѓаните изразена на изборите, се додава во партиското соопштение.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  апелира до социјалдемократите  и партиското раководство – јасно, недвосмислено и во целост да се откаже од Тиранската платформа, создадена, промовирана и прифатена во соседна држава/ЗВВ