Денеска во седиштето на СДСМ е закажан извршен одбор на партијата, а веднаш потоа и централен одбор.

Според најавите, се очекува да биде разгледана , актуелната политичка сотојба во државата со преземање на власта од, како велат , режимот на Никола Груевски, и анализа на досегашните преземени чекори за трасфер на власта. НА централниот одбор ќе се разговара и за подготовки на претстојниот конгрес на партијата каде се очекува да биде избран нов извршен одбор, и подновено раководство на партијата.