
Како што објави атинскиот весник „Катимерини“, најголемиот број од овие нови емигранти од Грција се лица на возраст под 40 години.
Со истражувањето биле опфатени 1.268 Грци кои живеат во странство, од кои дури 68 отсто се на возраст под 35 години.
Од нив, 63,42 проценти изјавиле дека заминале во странство за да бараат работа, 23,53 отсто за постдипломски студии, 7,9 проценти за да учествуваат во научни истражувања, а 2,5 отсто за завршување на своитедисертации.
„Катимерини“ наведува дека главна причини за новата емиграција од Грција е кризата во грчката економија, која најтешко ги погоди младите образовани луѓе, кои го претставуваат најдинаичниот дел на грчкото општество.
Истражувањето покажува и дека околу 40 проценти од оние кои ја напуштиле Грција не планираат да се вратат во татковината./MIA