
„Претседателот Глигоров покажа како се градат мостови на соработка во земјава и во светот и со неговите идеали и визии ги отвори перспективите на граѓаните и на современа европска Република Македонија.
Во годините кога многу држави во регионот се предадоа на крвави конфликти и потоа, во годините на сериозни предизвици на регионот, претседателот Глигоров од Македонија успеа да создаде признаена и почитувана држава, подготвена да се носи со современите текови.
Улогата на претседателот Глигоров во создавањето на Република Македонија како современа држава ќе биде паметник во колективната меморија на сите граѓани на Република Македонија како со смиреност, мудрост, присебност се гради и развива држава и се придонесува за доброто на сите граѓани.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува да ја развива Република Македонија по патот што го трасираше претседателот Глигоров, на заедништво и напредок“, пишува Заев.