Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ треба да се подготви за опозиција, јас кога загубив се повлеков од лидер на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Јас би му препорачал на Никола Груевски да го следи мојот примeр, а јас си дадов оставка од лидерската позиција кога бев поразен, и реформирање на партијата е најдобро решение.

Лидерот на ВМРО-НП, екс премиер и основач и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во дебата во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 вести оцени дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ наместо по неуспехот со ДУИ да направат влада да го подготуваат членството за опозиција, веројатно заради немање демократски капацитет одлучија власта да не ја предаваат и отидоа на организирање на протести за бранење на Македонија.

-Јас во 2002 си дадов оставка кога ги загубив изборите од СДСМ, бев поразен како премиер и потоа честитав на победата, овзможив мирна транзиција на власта и потоа си дадов и оставка во партијата рече екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

Целта ми беше да се реформира партијата за да може потоа да го победи СДСМ.

Јас како демократ по убедување, го направив тоа без размислување, а и ме убедуваа од партијата дека тоа е добро за партијата, сега истите луќе се таму во ВМРО ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ исекоа многу мостови,  ним не им е клучен ниту националниот инетерс ниту државниот им е главен,  тоа се виде од досегашното владеење.

Секој кој ќе ги потцени позициите на меѓунардоната заедница на крајот губи. Тие имаа шанси да направат нешто повеќе за Македонија и за себе, а тие направија само многу грешки.

Премногу ги измалтретираа сите и се плашам да не направат уште поголеми грешки за да се уништат, вели Георгиевски.

Јас би му препорачал на Никола Груевски да го следи мојот примeр, а јас си дадов оставка кога бев поразен, и реформирање на партијата е најдобро решение.

Ќе има и правна разврска, и правно финале, ама не исклучувам послушникот Иванов кој има уште две години мандат како претседател,  и на крајот на неговиот мандат не се иклучени и амнестии  или аболиции, прогнозира Љубчо Герогиевски  како поранешен  претседател на ВМРО ДПМНЕ кој си поднесе оставка по загубата на изборите.

На прашањето на новинарот дали Груевски тоа го прави од стравот од СЈО и соочување со одговорност за начинот на кој владеел, Георгиевски рече дека веројатно причината е токму тоа.