Белград: Да го решиме статусот на рускиот центар во Ниш или да го затвориме !?

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Дачиќ соопшти дека тој ќе го претсави  својот предлог пред премиерот и иден претседател Александар Вучиќ.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, повика на донесување на одлука во врска со статусот на српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш. Во интервју за белградскиот весник “Политика” Дачиќ соопшти дека тој ќе направи свој предлог пред премиерот и иден претседател Александар Вучиќ, бидејќи “центарот е на Станда-бај” од август 2014 година.

“Веќе трета година ова прашање предизвика проблеми во работата на центарот во Ниш. Русија веќе не одделува средства кои беа планирани, бидејќи се уште не е решен статусот на центарот. Ова прашање треба да се реши или центарот едноставно да биде затворен”, изјави Дачиќ.

Западните држави имаат забелешки, и покрај фактот дека тие добиле преку различни договори со Србија многу повеќе. Во предлогот ни пишуваат руските службеници од центароти треба да ги  добијат истите привилегии и имунитет, кои имаат вработените од администрацијата на руската амбасада согласно Виенската конвенција за дипломатски односи “, рече Ивица Дачиќ и додаде: Србија треба да ги брани своите интереси.