Ердоган растури нови 107 судии и обвинители со откзи за наводни врски со Ѓулен

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Турските власти од должност ослободиле уште 107 судии и обвинители, како дел од чистката на претпоставени следбеници на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Турција го обвинува за неуспешниот обид за преврат од минатата лето, пренесоа американските медиуми.

Турција досега сменила 145.000 државни службеници, припадници на силите на редот и професори. Вкупниот број на отстранети судии и обвинители од работа засега достигна 4.238 лица.

Турските медиуми соопштија дека се издадени и наредби за апсења на дел од сменетите судии и обвинители.

Над 40.000 лица беа уапсени по обидот за преврат, во кој беа убиени 240 лица, главно цивили, забележуваат британските медиуми.