Ѓоковиќ го ослободи целиот тренерски тим

од desk3
125 прегледи

Поранешниот тенисер број 1 во светот Новак Ѓоковиќ, реши да се раздели со целиот свој тренерски тим, за да се обиде повторно да се  врати на врвот на  ВТА. Веста беше соопштена на официјалниот сајт на српскиот тенисер. Носителот на 12 титули од Гренд слем веќе нема да работи со тренерот Маријан Вајда, фитнес тренерот Гебхард Грич и физиотерапевтот Миљан Аманович откако направил “детална анализа на играта и постигнатите резултати во последниот период, како и откако разговарал за личните планови на  отројцата “.

“Иако имав  фантастична соработка, Ѓоковиќ почувствувал дека има потреба од промена, за да најде нова енергија и да го подигне нивото на игра”, се вели во соопштението на сајтот.

“Засекогаш ќе му бидам благодарен на Маријан,  и Миљан за една деценија на професионализам, пријателство и посветеност кон мојата кариера. Без нивната поддршка, немаше да стигнам во овие височини. Оваа одлука не беше лесна, но сите ние одлучивме дека имам потреба од промена . Тие се дел од моето семејство и тоа никогаш нема да се промени “, коментира Србинот.

Ѓоковиќ падна во дупка од средината на минатата сезона,  откако имаше  серија од неубедливи резултати кои доведоа  до губење на првото место на светската ранг-листа, што беше освоено од Енди Мареј. На крајот од минатата сезонава Новак се раздели со еден од тренерите Борис Бекер, но тоа не доведе до позитивна промена во неговата игра и тој продолжи со слабите резултати и во 2017-та година.