(ФОТО+ВИДЕО) Втората генерална проба на Јана на евровизиската сцена

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Ситно се одбројуваат деновите до настапот на нашата претставничка на Евровизија годинава во Киев, 11 мај.

Јана Бурческа се подготвува за изведбата на хитот “Dance Alone“ веќе во Украина, со кој ќе се претстави во втората полуфинална вечер.

За првпат од организацискиот комитет ги објавуваат официјално снимките од вторите проби на сцената, давајќи им увид на фановите за начинот на кој ќе изгледаат настапите на учесниците кои ќе ги следат своите фаворити пред телевизиските екрани за време на преносот во живо.

Според видео снимките и фотографиите кои ви ги приложуваме во продолжение, Јана која ќе настапува сама, успешно се снаоѓа на големата сцена. Како точно звучи и изгледа, погледнете и самите:

https://www.youtube.com/watch?v=W7KUnGKnA4I