Заев: Нема да отпуштаме луѓе од работа

од Vladimir Zorba
128 прегледи
Со она што го имаме како  капацитет, финансиски ќе се обидеме да ги менаџираме работите, но апсолутно ќе се водиме од професионализмот, изјави во интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе се прават драстични промени во институциите бидејќи оценката е дека тие се партизирани и дека многумина стравуваат од чистки.
 
 
– Тоа ќе биде едно од најтешките прашања пред се од економски аспект, и така е тешко за семејствата чукаат извршители банките се јавуваат секој ден насекаде зарем логично и етички е да отпуштаме луѓе од работа, нема да отпуштаме луѓе од работа. Со она што го имаме како  капацитет, финансиски ќе се обидеме да ги менаџираме работите, но апсолутно ќе се водиме од професионализмот. Ќе изгуби некој работно место само ако професионално не си ја извршува својата работа. И тоа не ме интересира на која политичка партија и припаѓа.
Мојата политичка партија и јас како поединец имаме намера да преземеме одговорност пред граѓаните и тоа ќе биде возможно само преку професионализам   сериозно и чесно извршување на јавните овластувања или  на  работата на јавните службеници во јавната администрација.
Ќе се случи можеби некогаш намалување на јавната администрација но тоа ќе биде возможно кога ќе зајакне приватниот сектор, не може да го апсорбира тој дел да понуди повисоки плати, поголема мотивација     за напредок во животот и кариерата или сл.
Тоа очекувам единствено да се случи само по приватен пат  но истовремено ,тоа е возможно ако државата  она  што го има како капацитет но се тоа се тие што ги гледам постојано како економист 400 милиони евра што се крадат годишно во Македонија ако бидат квалитетно насочени за поддршка на бизнисот за развој на инфраструктурата за економски аспекти кој што ќе значат зголемена економија а со тоа и економски раст и развој за државата , вели Заев во интевјуто