Вонредна од Париз! Нешто се случува во Лувр, во тек е евакуација на граѓани (Фото -Видео)

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Пред светски музеј треба  да се одржи прославата  за евентуалната победа на Емануел Макрон на претседателските избори

Ја евакуираат областа околу Лувр поради сигнал за сомнителен пакет, пренесоа светските агенции. Во дворот пред светски музеј треба  да се одржат прославите за евентуалната победа на Емануел Макрон на претседателските избори. “Откако добивме сигнал за сомнителен пакет, евакуирани  се околу 300 новинари, за да провериме за што станува збор, велат од тимот на Макрон. Тие нагласуваат дека одлуката е донесена како мерка на претпазливост.

Потсетуваме дека денес во Франција се одржуваат избори за претседател ,  вториот круг, а  учествуваат Марин Ле Пен и Емануел Макрон. Цо првиот круг на 23 април Макрон доби 24,01% од гласовите, а Ле Пен – 21,3%. 

Поларните спротивности на Франција: Прашањата на кои Ле Пен и Макрон целосно се разминуваат

 

Според сите прогнози загарнатирана е победата на Макрон наспроти радикаланата десничарка Ле Пен.