Бонтонот во многу нешта се променил и надоградил бидејќи и општеството се променило.
Новите правила се однесуваат повеќе на модерните облици на комуникација, особено на користење на мобилните телефони. Бонтонот постои за да се чувствуваат поудобно луѓето, почитувано и достоинствено. Модерните правила на бонтонот доста се однесуваат на комуникацијата со мобилниот телефон и преку социјалните мрежи бидејќи тие често се причина за некоја непријатност. Донесуваме 22 правила на модерното однесување.
- Никаде не одете ненајавени- Никогаш не знаете дали луѓето се подготвени некого да го примат на гости. Можеби не стасале да исчистат со денови, или се болни или имаат хаос со децата. Пред секоја посета, јавете се и проверете дали имаат воопшто време , за вашата посета.
- Намалете го тонот на мобилниот и оставете го в џеп или торбичка додека сте во друштво. Обидете се да не го ставате ни на маса. Не е пристојно да ги игнорирате луѓето околу себе , дури и ако ви е тоа намерата. Мобилниот телефон ви го одвлекува вниманието и луѓето покрај вас се чувствуваатотфрлено.
- Ако доцните на организиран настан, како часови на пилатес или јога, заземете го првото слободно место на крајот на салата. Не е убаво да ги реметите сите само затоа што вие сакате место во прв ред.
- Приватните проблеми задржете ги за пораки или лични разговори. Социјалните мрежи не би требало да ги третирате како личен дневник.
- Ако сте се јавиле дека ќе дојдете на роденден или венчавка, тогаш треба да дојдете. Ако не се појавите, сте му направиле на домаќинот голема штета- некој веројатно бил изземен од списокот поради вас.
- Не е во ред на долга порака да одговорите само со „ок„. Од друга страна, ако е во прашање важен разговор, направете го во живо или барем преку телефон.

- Кога доаѓате на гости, секогаш однесете мал знак на внимание. Било да е тоа вино, чоколадо или колач, секогаш е убаво да му се заблагодарите на домаќинот на гостопримството.
- Додека се возите со јавниот превоз, особено ако е тивко, не разговарајте гласно на телефон. Ако баш мора да го направите тој разговор, нека биде краток и брз, пишува Hearty Soul.
- Не го оставајте чадорот да се суши отворен во затворен простор. Ако штотуку сте стасале во нечиј дом со влажен чадор , правилата на однесување велат дека треба да го затворите и оставите на место подготвено за чадори. Не го оставајте отворен да се суши на влезот во куќата или во ходникот, подобро замолете го домаќинот да го однесе каде што смета дека е прикладно. А тоа е обично во купатилото.
- Ако сакате со некој подолго време да разговарате на телефон, откако ќе го воспоставите повикот, веднаш прашајте дали има време за тоа.Не е пристојно да очекувате некој да може да остави се што правел дотогаш за да разговара со вас колку што сакате вие.
- Ако гледате дека некому во друштво му запнало малку храна на забот, или му се залепила тоалетна хартија за чевелот, дискретно дајте им до знаење.Повеќето луѓе го цени тоа иако не се знаете добро.
- Во рестораните не ја ставајте чантата во скут, или на празниот стол. Малата елегантна чантичка смее да се става на работ на масата, торбата со средна величина може да се обеси на потпирачот на столицата, а големата чанта или актовката се ставаат на подот, пишува Bright Side.
- Пластичните кесички се за на пазар. Тоа се однесува и на кесите со логотиповите на познатите марки.Ќесите не можат да ги заменат чантите.
- Облеката за по дома треба да биде удобна облека, а не пиџама или бањарка. Пожелно е секогаш да биде чиста и уредна.
- Чукајте на вратата на детската соба. Откако детето ќе се пресели во својата соба убаво е и пожелно да се почука на вратата. На тој начин ги учиме децата да имаат право на приватност, исто како и ние. А со време и тие ќе ја преземат таа навика.

- Повикувате ли во ресторан, тоа значи дека вие плаќате. Било да сте жена или маж, ако некого го повикувате на вечера или ручек, се подразбира дека вие и плаќате. Ако повеќе луѓе се договараат за излегување на вечера, секој е задолжен да си плати себе си.
- Од лифтот излегува оној кој е поблиску до вратата. Нема туркање, ниту брзање.
- До своето место во кино, театар или на концерт се доаѓа така што поминувате до луѓето свртени со лицето, а не со грбот.
- Табу теми се- политика, здравје, религија и пари. Тоа се многу приватни и осетливи теми кои е подобро да се одбегнуваат, особено со луѓето кои не ги познавате добро. Доколку некој инсистира на прашања и започнува разговор на некоја од овие теми, секогаш можете пристојно да кажете:Не сакам да разговарам за тоа. Овие 8 теми исто така е добро да се избегнуваат:годините, богатството, проблемите во семејството, здравствените проблеми, прељубата, подароците, честа, срамот. Не е прифатливо да се однесувате кон оние кои слабо ги познаваме како кон блиски луѓе.
- Однесувајте се кон другите онака како што сакате другите да ве третираат. Дури и ако сте многу добри со некој од колегите на работа, на работното место треба да се однесувате како да сте странци .
- Секогаш почитувајте ги другите. Тоа се однесува и на членовите на семејството. Не е прифатливо да озборувате во било кој облик. Немојте да зборувате лошо за своето семејство, особено за својот сопруг, сопруга.
- Исто така е неприфатливо да расправате со негативна конотација за земјата во која живеете, за луѓето со кои го поминувате времето и слично.Ако зборувате лошо за своите најблиски, тоа многу зборува за вас.
С.В.