(ВИДЕО) На Црвениот плоштад во Москва: Русија ја извади најновата воена техника, 72 авиони и хеликоптери, бомбардери и ловци

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Денеска на Црвениот плоштад во Москва се одржа генералната проба пред годинешната воената парада, која традиционално се изведува во главниот град по повод годишнината од победата во Втората светска војна, соопштуваат руските медиуми. Вкупно во 26 руски градови ќе се организираат големи паради за 9 мај.

Оваа година руското воено министерство за прв пат ќе ја покаже и најновата воена техника која ќе биде користена во реонот на Арктикот. Министерството за одбрана на Русија објави на YouTube видео од тренинзите на воздушните леталакои ќе учествуваат во парадата на победата во Москва.

72 авиони и хеликоптери учествуваа на тренинзите, а меѓу нив беа военотранспортенте хеликоптери Ми-26, Ми-8, Ми-28Н, Ми-35 и Ка-52, бомбардерите Ту-22М3, стратешки бомбардери Ту-160 и Ту-95МС, авион цистерна Ил-78 , военотранспортен авион Ан-124 и Ил-76МД, ловците Су-35С, Су-ЗОСМ, Су-27, Миг-29 и Миг-31БМ, фронтови бомбардери Су-34 и Су-24М, бобардерите Су-25 и школскиот-борбени Цц-130.