Низ вековите таа била во сопственост на неколку империи. Денес таа е посебна административна област на Италија.
Сицилија – исклучително место, кое секоја година привлекува илјадници туристи со својата природа, неверојатна кујна и извонредна култура и традиции.
Треба да ја посетите за да ја процените интересната архитектура, автентичните улички, градските продавници. Денес во рубриката “(Не)Секојдневно“ споделуваме некои интересни факти за Сицилија.
Знаете ли дека во 2015 година магазинот Forbes гоизбира Палермо за европска престолнина на уличната храна?
Сицилија е дом на најголемата опера во Италија. Teatro Massimo е изградена во Палермо во 1897 година.
Дали знаете дека околу 70% од луѓето во Сицилија всушност зборуваат сицилијански, а не италијански?
Заедно со италијанскиот и сицилијанскиот јазик, другите јазици кои се зборуваат на островот се француски, германски, арапски и романски.
Сицилија е дом на неколку вулкана, вклучувајќи го и активниот Етна.
Знаете ли дека потребни се околу 3 часа и половина, за да се премине островот од исток кон запад и околу 2 и пол часа од север на југ?
Сонетот, кој е популарна форма на поезија, првично потекнува од Сицилија.
Лоцирана во централниот дел на Средоземното Море, Сицилија е најголемиот остров во него, опфаќајќи околу 25 000 квадратни километри.
Островот е опкружен од три различни мориња – Тиренско Море, Средоземното Море и Јонското Море.
Некои од најголемите имиња во историјата кои ја посетувале Сицилија се Архимед, Винченцо Белини и други.
Знаете ли дека во летните месеци околу вулканот Етна се набљудуваат врнежи?
Се проценува дека најраните жители на Сицилија живееле на островот пред околу 8000 година п.н.е.
Економијата на Сицилија се состои претежно од земјоделството и туризмот. Тука земјата е многу плодна и одлична за одгледување на различни видови култури.
Знамето на Сицилија станува официјално во 1282 година.