Нова седница на Собранието се уште не е закажана

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Нова собраниска  седница се уште не е закажана. По немилите настани во Собранието кои се случија на 27 април пратениците се уште не седнале во пратеничките клупи.

Новоизбраниот претседател на законодавниот дом Талат Џафери  на собраниските известувачи им вети фер соработка, и посочи дека ќе биде претседател  на сите пратеници.

Според досегашните информации, седница ќе биде закажана од страна на Џафери во оној момент кога тој ќе смета дека е време, а  истата се очекува да биде за избор на новата Влада.