Конечни резултати од изборите во Франција: За Макрон гласале 20 милиони Французи, а за Ле Пен – 10 милиони и 66,1% за Макрон, 33,9 % за Ле Пен

од Vladimir Zorba
124 прегледи

 

Француското Министерство за внатрешни работи денеска ги соопшти конечните резултати од вчерашниот втор круг од претседателските избори, според кои, Еманеул Макрон освоил 66,1 отсто од гласовите, а Марин Ле Пен 33,9 проценти.

На овие избори е забележан и рекордно ниско излезност на избирачите .

 

74,6% (во близина 35 милиони луѓе) од лицата со 46 милиони право на глас  учествувале на изборите . За прв пат од 1969 година е забележана таква ниска излезност во вториот круг.

Интересно е да се напомене дека 25,4% или 11 416 454 Французи не гласале за ниту еден од двајцата кандидати.

Празните и неважечки гласачки ливчиња претставуваат повеќе од 8% или близу 4 милиони.

Уставниот совет ќе ги утврди конечните резултати од изборите во средината на неделата.