Читајте книги и сигурно ќе бидете подобри луѓе

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Сакате ли да станете подобра личност? Ако одговорот е потврден , би требало да размислите за тоа да прочитате некоја книга. Според студијата која ја спровел лондонскиот Кингстон универзитет, ако редовно читате, ќе бидете пољубезни и почувствителни.


Тестирани се 123 учесници, кои на почетокот на истражувањето откриле кои се нивните омилени книги, театарски претстави и ТВ програми. Истражувачите ги проценувале нивните вештини во меѓучовечките односи, вклучувајќи го и тоа дека се склони кон помагање на другите и дали размислуваат за туѓите чувства.

Истражувањето на Универзитетот Кингстон открило дека читателите на книги се однесуваат подруштвено од оние кои преферираат телевизија.

На однесувањето , меѓутоа , не влијае било која книга, бидејќи типот на литература има огромно влијание на емоционалната интелигенција.

Студијата открила дека фановите на фикциите покажуваат позитивно социјално однесување, додека љубителите на драми и љубовни романи имаат највеќе разбирање.
Љубителите на некои „експериментални„ книги покажале способност да ги видат работите од поинаква перспектива. Љубителите на комедии се покажале најдобри во поврзувањето со другите./СВ