Ѕвездата на Доналд Трамп на Булеварот на славните во Холивуд стана предмет на вандализам во текот на викендот.
Во саботата наспроти неделата точно до ѕвездата на актуелниот американски претседател беше поставена златна тоалетна школка.
Подбивањето со државниот поглавар на САД не завршува тука. Тоалетот бил исполнета со некаква леплива течност, а на отворениот капак е насликана свиња со круна. Казанчето исто така е скршено, а на откршеното парче пишува: “Пушти Трамп” (Take a Trump што е игра на зборови со англиската фраза на одење по голема потреба: Take a poop).
Сè уште не е фатен прекршителот. Сепак ова не е прв пат, во кој некој демонстрира незадоволство кон американскиот претседател.
Минатиот месец, на самата ѕвезда беше испишано со црн маркер: “Еби се, Трамп”.